Македонија
6. March 2023 - 16:34

Невладините обвинуваат дека извештајот на Министерството за култура ги крие проблемите

Поднесениот извештај на министерството за култура до Унеско околу заштитата на природното и културното наследство не кореспондира со реалната состојба на терен.Невладините од Охрид ,Струга и Порадец реагираат дека од 19 те клучни препораки отпочнат е процес за само 4 точки . Тие велат дека со овој извештај наместо да се решаваат се затскриваат  проблемите.

Според активистите , невозможно е на 60 страници да се презентираат сите проблеми со кои се соочуваат Охрид, Струга  и регионот, заедно со албанската страна. Тие сметаат дека потребни се итни мерки изработка на стратегија и комуникација помеѓу сите актери на целиот слив на Охридското Езеро.

17 те еколошки невладини организации предлагаат да испратат заедничко писмо до владите на двете држави за се што треба да се направи се со цел да се заштити Охридското Езеро.