Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“ во интервју во кое го критикуваше ставот на Велика Британија кон Израел, а Лондон го оквалификува неговиот коментар како „целосно неприфатлив“.
Во подкаст емитуван вчера на израелското воено радио, премиерот на Израел потсети дека внукот на Винстон Черчил отворено го поддржувал Израел за време на Шестдневната војна во 1967 година.
„Дали нешто такво може да се случи денес?“, праша тој реторички, а одговори со насмевка: „Некој еднаш рече дека првата исламска република што ќе поседува нуклеарно оружје ќе биде Исламската Република Велика Британија. Ве уверуваме дека нема да има друга тука – во Иран.“
„Овие коментари се целосно неприфатливи и ние го пренесовме ова на израелската влада“, изјави портпаролот на британската влада.
Во интервју за Би-Би-Си вчера, портпаролот на израелската влада, Дејвид Менсер, се обиде да ги намали зборовите на Нетанјаху.
„Тој повтори туѓ цитат“, рече Менсер, истакнувајќи дека американскиот потпретседател „го дал овој коментар“ претходно. „Тој цитираше што рекол потпретседателот“, додаде израелскиот портпарол.
Во 2024 година, за време на Минхенската безбедносна конференција, Џеј Ди Венс посочи дека Велика Британија ќе стане „првата вистински исламистичка земја што ќе има нуклеарно оружје“ – коментар што предизвика критики од високи британски личности во тоа време.
Велика Британија е меѓу земјите што неодамна објавија дека ја признаваат палестинската држава.
МИА
Ново на Сител
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
-

Сиљановска-Давкова: Струга е град пример за почитување на различностите
-

Еден месец не работи ПЕТ скенерот неопходен за следење на болните од рак – Не се знае кога ќе почнат снимањата
-

Зголемување на старосната граница за пензионирање е предлогот на ММФ за одржлив систем
-

За еден месец издадени одобренија за изградба на нови 754 станови, најмногу во Скопје
-

Сиљановска го образложи помилувањето на Јакупи
-

Нов центар во Штип за развој на студентски бизнис идеи
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
