Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ е прогласен за МВП во ВТБ лигата за сезоната 2023/24 .
Димитријевиќ одигра 35 натпревари за Уникс во регуларниот дел од сезоната, имаше просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скокови и 1,3 украдени топки.
Уникс првпат заврши на првото место во регуларниот дел од сезоната, а во одлучувачкиот меч за првото место против ЦСКА Москва, Димитријевиќ постигна дури 40 поени.
-За мене е голема чест да ја добијам наградата за МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ Јунајтед Лигата 2023/24. Оваа година победивме на многу возбудливи натпревари и победивме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим УНИКС, на стручниот штаб предводен од Велимир Перасовиќ, на медицинскиот персонал и на нашите верни навивачи. Но, мојата најголема благодарност оди до моите соиграчи кои ми помогнаа да станам подобар играч, изјави Димитријевиќ.
Ново на Сител
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
