Македонија
27. May 2026 - 13:24

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал

Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува - 1.962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Според податоците на ДЗС, природниот прираст е негативен во 66 општини.

Во првиот квартал годинава во споредба со истиот период  лани бројот на живородени деца изнесува 3.380 и е намален за 4.1 проценти.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од годинава бележи намалување од 1 процент во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 5.342 лица, а од нив девет се умрени доенчиња.

МИА