Македонија
10. August 2023 - 12:21
Недостаток на вода за пиење во Струга
Струга и ова лето се соочува со недостиг на вода .Речиси секојдневно има поплаки од револтирани граѓани, кои или со часови немаат вода или притисокот е многу слаб, па не ги задоволува потребите.Активистите велат неприфатливо е во туристички град да нема вода за пиење.
Реагираат и хотелиерите тие сметаат дека ваквата состојба е и како резултат на големиот број туристи и печалбари во Струга.
И покрај ветувањата дека со поставувањето на новата водоводна цевка нема да има повеќе проблеми со водата за пиење во Струга, повторно стружани и туристите се соочија со истиот проблем.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
