Не мислам дека врховниот лидер на Иран е мртов, туку дека е тешко ранет, вели Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не смета оти врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хаменеи, е мртов, туку дека е многу тешко ранет.
Говорејќи во емисијата на конзервативниот политички коментатор Глен Бек, Трамп истакна дека според неговите информации иранскиот лидер не е починат, туку претрпел сериозни повреди.
Моџтаба Хаменеи, син и наследник на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи, ја презеде функцијата по смртта на својот татко, кој загина на првиот ден од војната започната на 28 февруари по израелско-американските напади врз Иран. Според иранските власти, тој бил ранет за време на истата офанзива во која загинаа и низа други високи претставници на иранското раководство. Откако беше именуван за врховен лидер, Моџтаба Хаменеи сè уште немал јавни настапи, а неговите ставови се објавуваат единствено преку пишани официјални соопштенија.
МИА
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
