-->
-->
НБА тронот за Голден Стејт
-->

Кошаркарите на Голден стејт ворирорс направија уште еден брејк, славеа со 103:90 во Бостон и ја освоија шампионската титула во НБА-лигата. Вориорси ја освоија седмата титула во својата историја (1947, 1956, 1975, 2015, 2017, 2018, 2022 година).
Добивај вести на вибер
МВП на финалето, првпат во кариерата, иако ова му е четврти прстен е Стеф Кари, кој мечот го заврши со 34 поени (12/21) и седум скока и седум асистенции.
Бостон подобро го отвори натпреварот и многу брзо дојде до двоцифрена предност (+12), а ретко кој во „ТД Гарден“ во тие моменти очекуваше дека толку брзо ќе има пресврт.
Вориорси експресно фатија приклучок, а на крајот од првиот период имаа предност (22:27).
Бостон целосно се распадна во втората четвртина.
Не можеа да погодат ништо и покрај тоа што стрелците не беа расположени и на другата страна, дозволија премногу скокови во нападот, па тоа се одрази на резултатот.
Во еден момент беше и +21 за гостите, но на полувреме се замина со 15 разлика (39:54).
Бостон во третата четвртина успеаја да ја намалат разликата на 10 поени, но немаа сила за пресврт. На крајот Ворироси заслужено славеа.
Покрај споменатиот Кари најдобар кај шампионите беше Дрејмонд Грин со 12 поени, 12 скока, осум асистенции и две украдени топки и блокади.
Вигинс постигна 18 поени, со шест скока, пет успешни додавања, четири украдени топки и три блокади.
Џордан Пул имаше 15, а Клеј Томпсон само 12 поени со 5/20 од игра.
На другата страна најефикасен беше Џејлен Браун со 34 поени (12/23), седум скока, три асистенции и една украдена.
Ал Хорфорд додаде 19 поени со 14 скока, две украдени топки и една блокада, а целосно потфрли Џејсон Тејтум со 13 поени (6/18), седум скока, три украдени топки и една блокада.
Двоцифрен беше и Роберт Вилијамс со десет поени, со седум скока и пет блокади.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал
-

Запрена постапката за набавката на мазут
-

Тешка несреќа во „Survivor“ Грција: Натпреварувач остана без нога, шоуто прекинато
-

Лишен од слобода возачот кој со товарно возило вчера удри пешак на патот Прилеп-Градско
-

Спречено мафијашко убиство во Скопје: Уапсен Србин кој подготвувал ликвидација
-

ОН: На светот му се заканува масовен глад доколку веднаш не се отвори Ормуската Теснина
-

Мицкоски на Самитот на Македонија 2025: Поврзување на државата за поголем економски раст
-

Оклахома ги елиминираше Лејкерси и се пласираше во полуфиналето на плејофот
