НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години

Кошаркарите на Њујорк Никс триумфираа во Сан Антонио Спарс со 94-90 во петтиот натпревар од финалната серија во НБА лига и со 4-1 во победи ја освоија шампионската титула, прва по пауза од 53 години.
Џејлен Брансон одигра брилијантен натпревар со 45 поени и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалната серија.
Во редовите на Спарс, дебитантот Дилан Харпер беше најефикасен со 25 поени, додека најголемата ѕвезда во тимот Виктор Вембањама реализираше скромни 19 поени, но запиша 14 скокови и шест блокади.
Петтиот дуел од финалната серија беше уште еден натпревар во кој Сан Антонио во најголем дел имаше водство, кое кон крајот на првото полувреме достигна и 16 поени разлика. Сепак, Њујорк постепено ја анулираше негативата и предводен од Брансон дојде до првата титула по повеќе од половина век.
Победата во петтиот натпревар од финалето е круна на одличната плејоф серија на Њујорк, кои доминираа во плејофот со вкупен резултат од 16-3 и забележаа осум последователни победи на гостински терен.
Ново на Сител
-

Промоција на нови полициски службеници од генерација 2025/2026 година
-

Сончево и топло со температура до 39 Целзиусови степени
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
