Науката потврди: Нередовниот секс му штети на здравјето

Науката потврди дека нередовен секс може да биде неповолен по здравјето на жените и мажите. Имено, апстиненцијата има негативни последици за животот воопшто, додека редовниот секс носи бројни придобивки – од зајакнување на имунитетот до намалување на опасноста од срцеви заболувања, истакнуваат научниците од Универзитетот „Валден“ во Пенсилванија, САД.
Истражувачите ја користеле базата на податоци на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) за да го анализираат влијанието на сексуалната активност врз здравјето. Податоците собрани од 14.542 мажи и жени покажале дека 38 отсто од испитаниците имаат секс најмалку еднаш неделно, додека мнозинството (95 отсто) имаат секс повеќе од 12 пати годишно.
Оние кои имале редовен секс не покажале зголемен ризик од смртност. Заклучокот говори дека зачестеноста на сексуалните односи е клучна за психо-физичкото и здравје на жените.
Истражувањата покажаа дека жените на возраст од 20 до 59 години, кои немале секс барем еднаш неделно, имаат 70 отсто поголем ризик од смрт. Во таа смисла, тестовите на крвта откриле покачени нивоа на протеини поврзани со воспаленијата, што може да предизвика оштетување на здравите клетки, ткива и органи.
Мажите кои имаат секс барем еднаш неделно може да доживеат значителни здравствени придобивки. Редовната ејакулација го намалува ризикот од рак на простата, бидејќи помага да се отстранат потенцијалните канцерогени материи од таа област во телото.
Здравјето на срцето се подобрува бидејќи отчукувањата на срцето и крвниот притисок се зголемуваат за време на сексот, што придонесува за подобра циркулација и снабдување со кислород во телото. Тоа ја намалува опасноста од срцеви заболувања, мозочен удар и други кардиоваскуларни проблеми.
Сексуалната активност го намалува стресот и анксиозноста со ослободување на ендорфин – природни супстанции коишто носат чувство на задоволство и опуштање. Исто така, тоа го зајакнува имунолошкиот систем, зголемувајќи го производството на антитела што помагаат во борбата против бактериите и вирусите.
Иако редовниот секс носи бројни придобивки, и претераната сексуална активност може да има спротивни ефекти. Научниците предупредуваат дека мажите кои страдаат од хиперсексуалност имаат шест пати поголем ризик од смрт отколку жените со исто ниво на сексуална активност.
Ова истражување нагласува дека рамнотежата е клучна. Редовниот, но умерен секс го подобрува здравјето, но не и прекумерниот секс.
Ново на Сител
-

Во април за 38 проценти помалку одобренија за градење, ќе се градат 722 стана
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест досега против „Зврнец"
-

Алиу: Изминатата година поставена насока - здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара
-

Почнува Светското фудбалско првенство 2026
-

Највисокиот суд на ЕУ ќе даде мислење за жалбата за транспарентност за вакцините против Ковид-19
-

Американската војска: Завршени последните напади врз цели во Иран
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
-

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион
