Научници развија сензор за откривање дијабетес преку дишење

„Руски научници развија сензор базиран на графен и полимери, отпечатен на обична канцелариска хартија, кој е способен да детектира дијабетес и други заболувања во реално време преку анализа на издишаниот воздух. Уредот прецизно ги детектира молекулите што претставуваат маркери на болести“, соопшти прес-службата на Институтот за физика на полупроводници (ИФП) „Ржанов“ при сибирското одделение на Руската академија на науките.
– Постигнавме висока чувствителност на мерењата благодарение на развојот на нов наноструктуриран сензорски материјал. Покрај тоа, создадовме сензори со различен дизајн што овозможуваат контролирани промени во спектарот на молекулни маркери регистрирани на површината. Тоа значи дека секој сензор ги регистрира само значајните сигнали што можат да укажат на болести. Ова потенцијално би можело да им овозможи на пациентите со сомневање за хронични заболувања да го следат своето здравје дури и во домашни услови, изјави главната истражувачка на Институтот за физички проблеми на сибирското одделение на РАН, а воедно и главна авторка на проектот, Ирина Антонова, информираа руските медиуми
Како што се наведува, уредот е способен да детектира исклучително мали трагови количини на ацетон, амонијак и други супстанции. Зголемените концентрации на овие супстанции во издишаниот воздух се сметаат за маркери, односно показатели, за дијабетес, срцева слабост или проблеми со бубрезите.
Сензорот претставува тенка фолија која лесно може да се прицврсти на стандардна медицинска маска, што го прави погоден за употреба во болнички услови, вклучително и за континуирано следење на дишењето на пациентите за време на хируршки интервенции. Уредот функционира врз основа на промени во електричната струја. Кога издишаниот воздух доаѓа во контакт со сензорот, гасовите се задржуваат на неговата површина, при што се менува неговата способност за спроведување електрична енергија. Добиените резултати веднаш се прикажуваат на екран во форма на графикон. Благодарение на високата чувствителност, уредот овозможува следење дури и на едноставно зголемување на нивото на гликоза по оброк.
Научниците веќе го тестирале новиот сензор на 32 доброволци, меѓу кои имало здрави лица, пациенти со дијабетес и лице кое претходно претрпело срцев удар. Уредот успешно детектирал присуството на ацетон во издишаниот воздух кај пациентите.
Од Институтот посочуваат дека повеќето постоечки соодветни медицински уреди мерат само физички параметри, како што се пулсот или крвниот притисок, додека уредите за хемиска анализа на здивот најчесто се премногу сложени и достапни исклучиво во клинички услови. За разлика од нив, новиот хартиен сензор е едноставен за употреба и економичен, што отвора можност за негова поширока примена.
МИА
Ново на Сител
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
-

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
-

Трамп упати остри закани до Техеран: Иран премногу одолговлекуваше во преговорите, сега ќе мора да плати
