НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација

НАТО е подготвен да одговори на евентуална руска ескалација на источното крило на Алијансата, изјави адмирал Џузепе Каво Драгоне, претседавач со Воениот комитет на НАТО, по состанокот на највисоките воени команданти од 32-те земји-членки во Копенхаген.
-Подготвени сме во случај на ескалација. Во случај на напад, знаеме што да правиме. Алијансата е подготвена, структурата е подготвена, трупите… вооружувањето е подготвено, рече Каво Драгоне во изјава за новинарите во Копенхаген.
Тој додаде дека НАТО продолжува да ги проширува своите сили – како во поглед на бројноста, така и во поглед на технологијата – и дека постојат детални воени планови за различни сценарија, почнувајќи од ограничени безбедносни инциденти па сè до директен напад.
За безбедносни инциденти на територијата на НАТО, за кои некои од земјите членки ја обвинуваат Русија, адмирал Каво Драгоне рече дека се обид на Москва да предизвика поделби и да ја тестира решителноста на НАТО.
-Сакам да бидам јасен – овие обиди не нè делат. Тие ги усовршуваат нашите капацитети и нè прават многу пообединети и порешителни, рече Каво Драгоне на крајот од својот мандат како претседавач на Воениот комитет на НАТО. Следен претседавач ќе биде највисоко рангираниот германски офицер, генерал Карстен Бројер, кој беше избран на состанокот на Воениот комитет, највисокото воено тело на НАТО, во Копенхаген, на кој се разговараше за зајакнувањето на колективната одбрана, технолошкиот развој и поддршката за Украина.
По почетокот на руската инвазија врз Украина, НАТО значително ги ревидираше своите одбранбени планови. На Самитот во Вилнус во 2023 година беа усвоени три големи регионални плана: еден за Северот и Атлантикот, еден за регионот на Балтикот и Централна Европа и еден за Југ, кој ги опфаќа Црното Море и Средоземјето
Истовремено, Алијансата го зајакна своето воено присуство во Источна Европа. Распоредени се мултинационални борбени групи, од балтичкиот регион па сè до Бугарија, со предвидени можности за нивно брзо засилување со дополнителни сили во случај на криза.
НАТО тврди дека зајакнувањето на силите на источното крило служи за одбранбени и одвраќачки цели, како и дека се изготвени регионални планови за да се осигура дека, во случај на криза, однапред се знае кои сили, опрема и командни структури се потребни за одбрана на одредени земји-членки.
МИА
Ново на Сител
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
-

Се скарале, па истурил врело кафе врз сопругата - уапсен 52-годишник од гостиварско
-

16,7 милиони денари префрлени за наводна набавка на пилешки нозе – Финансиската полиција откри шема
-

Телото на исчезнатиот скопјанец синоќа било извлечено од водите на Охридското Езеро
-

„Иднина која инспирира“: Пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршка
