НАСА на 9 јуни ќе го претстави екипажот за „Артемис 3“

Американската вселенска агенција НАСА најави претставување на четиричлениот екипаж на „Артемис 3“ на 9 јуни во Вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон, како и ажурирање за напредокот на програмата.
Агенцијата, исто така, објави дополнителни информации за подготовките на мисијата. „Артемис 3“ претходно беше планирано како прво слетување во рамките на програмата „Артемис“, којашто има за цел да воспостави подолгорочно човеково присуство на Месечината во текот на следната декада. Кон крајот на февруари, администраторот на НАСА, Џеред Ајзекмен објави голема промена во структурата на програмата. Наместо оригиналниот план, „Артемис 3“ сега ќе тестира операции за запирања и средби во орбитата на Земјата меѓу капсулата „Орион“ на НАСА и еден или двата месечеви приземјувачи со посада, „Старшип“ на „Спејс-Икс“ и „Сина Месечина“ на „Блу ориџин“.
Според тековниот распоред, полетувањето на „Артемис 3“ е закажано за во средината на 2027 година, што значи дека екипажот ќе биде познат околу една година пред полетувањето, ако планот остане непроменет. За споредба, НАСА го претстави екипажот на мисијата „Артемис 2“, инаку лансирана на 1 април оваа година – уште во април 2023 година.
Доколку „Артемис 3“ и другите елементи од програмата се одвиваат според планот, „Артемис 4“ треба да слета во близина на јужниот пол на Месечината кон крајот на 2028 година.
НАСА, исто така, објави договори вредни повеќе од милијарда долари за возила, месечеви приземјувачи и друга опрема наменета за изградба на идна база во областа, за којашто, според наводите, треба да покрива стотици квадратни километри.
МИА
Ново на Сител
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
-

ДЗС: Денеска ангажирани три цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар
-

Реактивиран пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење
-

Прегазено 4 годишно дете на улица во Гостивар
-

Во текот на изминатиот викенд 34 лица приведени поради безобѕирно управување моторно возило
-

Над 70 лица минатата недела приведени во акциски контроли за недозволена трговија со дрога
