Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба

Намалување на акцизите за 4 денари за дизелот и за безоловните бензини од 95 и 98 октани за 2 денара по литар, одлучи Владата денеска на вонредна седница.
Одлуката на прес-конференција ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека со тоа драматично ќе се намали цената на горивата и се штити стандардот на граѓаните.
На вонредната седница Владата одлучи ДДВ-то за горивата да продолжи да биде намалено од 18 на 10 отсто до крајот на кризната состојба, која ќе истече на 20 април.
Мицкоски истакна дека без намалување на ацизата, литар дизел ќе беше околу 102 или над 102 денари, а безоловниот бензин од 95 и 98 октани ќе беше поскап за 1,5 до 2 денари.
Соопшти дека денеска имале преговори исо ОКТА и е договорено попустот да го продлжат до крајот на април - од 3 денари за дизелот по литар, а за безоловните бензини од 95 и 98 октани дополнителни 2 денари помалку за литар.
-Кога сето ова ќе се анализира, доаѓаме до цена која за дизелот ќе биде иста како и до сега, доколку се вкалкулира попустот од 4 денари за акцизата и 3 денари што го добиваме од ОКТА, така што ги амортизираме потенцијално 7 денари зголемување по литар, додека кај безоловните бензини од 95 и 98 октани, покрај 2 денари акциза по литар, ќе имаме 2 денари по литар намалување, односно ќе бидеме 2 денари во минус од цената што беше во изминатиот регулиран период, односно изминатата недела, изјави Мицкоски на прес-конференцијата.
Нагласи дека одлуката е донесена поради низвесноста како последица од тензии на Блискиот Исток и притисокот врз економијата. Како што рече, не може да бидеме изолирани од влијанието на глобалните процеси, но делуваме и не чекаме кризата да нè прегази.
МИА
Ново на Сител
-

Авион на Квантас бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот
-

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство
-

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда
-

Најмалку тројца загинати при напади со дронови врз Москва и околината
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словенија
-

Мицкоски на пуштање во употреба на нов градски пазар во Општина Виница
-

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест
-

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга
