Најстудено во Маврови Анови и Лазарополе, најтопло во Гевгелија

Најниска температура изутринава е измерена во Маврови Анови и Лазарополе, четири степени, а највисока во Гевгелија, 17 степени.
Како што информира УХМР изутринава во Mаврови Анови и Лазарополе се измерени четири степени, на Попова Шапка пет, во Берово шест, во Охрид и Крива Паланка седум, во Битола, Kрушево и Претор осум, во Тетово девет, во Прилеп, Демир Капија и Виница десет, во Скопје-Петровец и Штип 11, во Струмица 12, во Велес, Куманово и Кавадарци 13, во Скопје-Зајчев Рид 16 и во Гевгелија 17.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди наместа со слаб локален дожд. Попладне во југоисточните делови ќе биде нестабилно со услови за појава на ретки грмежи и пороен дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 30 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде до 26 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
