Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено со температура од -1 степен Целзиусов утрово е во Берово, 0 степени се измерени во Лазарополе, 1 во Mаврови Анови, 2 во Битола, по 3 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Демир Капија, Струмица и Попова Шапка, 4 во Штип и Велес, 5 во Гевгелија и Kрушево, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Кавадарци, а најтполо е во Виница каде е регистрирана температура од 7 степени. Највисока снежна покривка од 62 сантиметра утрово во 8:00 часот има на Попова Шапка.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени Целзиусови.
МИА
Ново на Сител
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
-

Најсвежо на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-

Трамп го пофали кинескиот претседател како „голем лидер“, рече дека му е чест што го има за свој пријател
