Најстарото вино на светот пронајдено во римска гробница во Шпанија

Најстарото вино на светот е пронајдено во староримска гробница во јужна Шпанија. Виното, сѐ уште вo течна состојба, всушност наликува на „шери“, а гробот каде што е пронајдено, бил недопрен околу 2000 години.
Виното добило црвено-кафена боја поради хемиските реакции што се случиле во текот на двете илјадалетија откако е истурено во погребниот древен стаклен сад од пет литри. Анализата на стручњаците од Универзитетот на Кордоба потврди дека течноста – е вино. Пред ова откритие, објавено во американскиот „Журнал“ за археологија (Journal of Archaeological Science), за најстаро вино зачувано во течна состојба, било сметано шише ископано во римска гробница кај германскиот град Шпајер во 1867 година, а коешто датира од 325 година.
Шпанскиот сад е пронајден во 2019 година при реновирање семејната куќа, на чиј имот е пронајдено виното.
– Мора да му оддадеме заслуги на сопственикот на куќата кој веднаш се јавил во градскиот оддел за археологија. А пак, археолозите бргу сфатија дека гробницата е неверојатно необична бидејќи е недопрена и не е ограбена, изјави Хозе Рафаел Руиз Аребола, органски хемичар од Универзитетот.
Говорејќи за виното, недостатокот на ширингинска киселина, што се јавува кога главната боја во црвените вина се распаѓа, јасно укажува дека, првично оваа црвеникава течност била бело вино – што се совпаѓа со тамошните римски мозаици на коишто прикажаните луѓе гмечат бело грозје. Инаку, досега се мислеше дека течноста е резултат на поплави или кондензација, пред Аребола и неговиот тим да ја проучат поподробно, пренесува „Дејли мејл“.
– Баравме биомаркери, хемиски соединенија што недвосмислено укажуваат што е одредена супстанција. Во овој случај, баравме полифеноли исклучиво од вино – и најдовме седум вински полифеноли. Ги споредивме со оние на виното од овој дел на Андалузија и – се поклопуваат. Токму тоа потврди дека се работи за вино. Следното што требаше да се направи беше да се утврди дали станува збор за бело или црвено вино, појасни Аребола.
Гробницата има шест урни направени од варовник, песочник или стакло и олово. Во нив е сместени кремираните останки на, се чини – две лице, со имиња: Хиспане и Сенисио. Археолозите ги пронајдоа и металните ногарки на масата на којашто се кремирани телата. Пронајден е и златен прстен украсен со ликот на богот Јанус.
Ново на Сител
-

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
-

Мицкоски: Очекувам реалната нето-плата и годинава да биде во позитива, во 2024 година растот беше над 12 отсто, а во време на СДСМ беше во негатива
-

ЦУК: Три активни пожари на отворен простор во земјава до 13:00 часот
-

Силен ветер го разгорува пожарот кај Неокази во Пробиштипско, зафатени две куќи, жителите евакуирани
-

Пожар на Исар во Штип, загрозени куќи – се бара воздушна поддршка
-

Над 400 монети откриени на локалитетот Градиште кај Битола, меѓу нив и од Филип II и Александар Велики
-

Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР
-

Во Грција ќе пристигнат 245 пожарникари од четири земји за да помогнат во справувањето со пожарите
