Најмногу дожд во Скопје и Куманово, во Црешево измерени 74 литри на метар квдратен

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во одредени делови на Скопје - во Црешево се измерени 74 литри на метар квдратен, во Лисиче 63, додека во Гази Баба 44 литри на единица површина.
До 08:00 часот утрово се измерени и 32 литра на метар квадратен во Куманово, 29 во Крива Паланка, 22 во Берово, 18 во Струмица и Скопје – Зајчев Рид, 16 на Попова Шапка, 13 во Скопје – Карпош, 12 во Претор, 11 во Скопје – Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во Гевгелија, 9 во Кавадарци, 8 во Велес, 7 во Скопје – Петровец, 5 во Тетово, 3 во Виница, Маврови Анови и Ѓуриште.
УХМР нагласува дека овие вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, како и дека поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето претпладнево ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла по одредени котлинии, а попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Скопје и Куманово, во Црешево измерени 74 литри на метар квдратен
-

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се зголеми на речиси три илјади
-

Приведен 47 годишен тетовец, управувал возило со 177 километри на час на место каде е ограничено 80 | ФОТО
-

Министерот Тошковски на отворање простории за разговор со деца кои се во судир со законот во СВР Струмица
-

Медијаторите известуваат за „позитивен напредок“ во индиректните разговори меѓу САД и Иран во Доха
-

Дождот направи богата програма за четврток – планирани се 25 мечеви на турнирот во Скопје
-

САД одбија да го продолжат трговскиот договор со Канада и Мексико
-

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Неготино
