Најмалку четири лица загинаа во руски напади врз источна Украина

Најмалку четири лица загинаа во текот на ноќта во руски напади врз источна Украина, соопштија локалните власти.
Обвинителството во Доњецка област соопшти дека три лица загинале, а пет биле повредени во нападите врз градот Славјанск, кој е дел од главната одбранбена линија на украинските сили во регионот Донбас.
Со напади извршени со беспилотни летала бил нападнат и градот Запорожје, при што најмалку едно лице загинало, а седум биле повредени.
Раководителот на Запорошката областна воена администрација, Иван Федоров, изјави дека во нападот избувнал пожар во станбена зграда и во трговски центар. Според него, оштетена е и една образовна установа во Запорожје.
Во меѓувреме украинските воени власти соооштија дека двајца пилоти загинале откако се урнал борбен авион „Сухои-24“ во Хмелницката област.
„Причините и околностите на несреќата се предмет на истрага“, се наведува во соопштението на украинската војска.
Хмелницката област се наоѓа во западниот дел на Украина, на околу 160 километри од границата со Молдавија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
