Најголем дел од жртвите во „Пулс“ се задушиле од јаглероден моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Обдукцијата на 59 жртви на пожарот во дискотеката "Пулс" во Кочани покажува дека нивната смрт е насилна и настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид.
Кај пет од жртвите, обдукциското мислење од Институтот за судска медицина, исто така, констатира насилна смрт, но која настапила од задушување од притисок врз градниот кош или како резултат на недостиг на воздух и кислород во околната средина.
Обдукцијата на три од жртвите кои починале во текот на лекувањето, исто така, констатира насилна смрт, која настапила поради акутна слабост на белите дробови од интоксикација од јаглероден моноксид, а кај еден поради изгореници од трет степен на главата и телото.
Обвинителството изведе и писмен одговор од Судска медицина, за кој рече, содржи одговори на прашања колкаво присуство во крв е смртоносно и колку брзо настапува смрт при задушување со јаглероден моноксид, потоа кои се специфични и неспецифични индикации и која е разликата меѓу задушување и труење со јаглероден моноксид, како и дали би биле спасени доколу биле подложени на кислородна терапија на местото на настанот и во болниците.
Обвинителството, исто така, предложи да биде повикано и сослушано вешто лице кое ќе даде одговор на сите дополнителни прашања кои произлегле или произлегуваат од обдукциското мислење.
- Ние за денеска бевме спремни за изведување на овие материјали докази. Знаеме дека и вас ќе ве интересираат прашањата кои ќе бидат дадени од вештото лице и затоа ќе ги дадеме во писмена форма пред Судот за да може да бидат поделени - изјави обвинителството.
Судот на почетокот информираше дека се уште нема вратена информација за достапноста на едниот сведок, а за останатите двајца се уште не е завршено вештачењето за нивната подготвеност да сведочат, по што одлучи да се продолжи со изведување на материјални докази.
Одбраната на почетокот се противеше на предлог за читање изјави дадени во истрага, посочувајќи дека Дарио Трифунов е единствен сведок што го гледа влезот на Мартин Буцо во дискотеката без ранец и го фотографира моментот, а неговата изјава според нас не е целосно внесена, додека сведокот Александра Пепеларовска има изјавено дека го видела лицето што ги поставило прскалките и дека Мартин не е лицето што ги поставило зошто лично го познава.
- Предлагаме Судот да не ги прифаќа лесно ваквите наводи за читање на изјавите дадени во истрага од Обвинителството и дека ваквото постапување претставува повреда - рече адвокатот.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
МИА
Ново на Сител
-

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат
-

Српски Завод за статистика: Во изминатите 10 години во државата имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија
-

Мицкоски: Ќе продолжиме со стабилни политики и заштита на стандардот на граѓаните
-

Американските разузнавачки агенции проучуваат како би реагирал Иран доколку Трамп прогласи победа во војната
-

Саркози повикан да сведочи во Апелациониот суд
-

Ужас во Гостивар: 14-годишно дете ја силувало неговата 13-годишна сестра
-

Променливо време со дожд и пад на температурите до викендот
-

Мицкоски: За капитални проекти 3,3 милијарди евра во наредните пет години, проектите ќе ги одобрува Комитетот за јавни инвестиции
