Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра

За сите кои сакаат високи плати и релативно ниски трошоци за живот во споредба со приходите, Лихтенштајн е одлично место за преселба во Европа. Или барем така е според Индексот за преселба без данок е рангирање (Tax-Free Relocation Index) од компанијата „Вилијам Расел“. Жителите на оваа европска држава, сместена меѓу Австрија и Швајцарија, имаат просечна месечна плата од 8.249 евра.
Индексот ги идентификува најдобрите дестинации за преселба, земајќи ги предвид земјите со ниска или нулта стапка на данок на доход. Натаму, како фактори се земаат просечната плата во земјата, трошоците за домување и даночните стапки, и сѐ тоа како насоки за лица кои бараат финансиски најповолни места за живеење и работа. Сепак, Лихтенштајн е земја со само 160,5 квадратни километри и население од 40.000 жители, а 70 отсто од работната сила е составена од странци – претежно од Германија, Австрија и Швајцарија.
Оваа мала земја има прекрасна, недопрена природа – се наоѓа во долината на реката Рајна во Алпите. Покрај сѐ тоа, Лихтенштајн се гордее со својата стабилна економија што е тесно поврзана со Швајцарија, високиот животен стандард и нивото на безбедност, се наведува – криминалот овде речиси и да не постои.
Треба да се земе предвид дека Лихтенштајн, поради ограничениот простор и население, издава ограничен број дозволи за престој. Најлесно да се добие дозвола, е ако најдете работодавач директно во земјата. Најбараните работни места се во областите на ИТ-секторот, финансии, инженерство и медицина.
МИА
Ново на Сител
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
