Најчести грешки на патниците при летање со авион

Пилотите и членовите на екипажот на повеќе авиокомпании ги споделија најчестите грешки со кои се соочуваат патниците при патување со авион.
„Сара, која работи за една од светските авиокомпании, во новиот поткаст на Мартин Луис, изјави дека најголемата грешка кај патниците е тоа што одат во тоалет без обувки“, пренесе Би-Би-Си.
Патниците секогаш треба да носат обувки во тоалетот на авионот, со цел да се заштитат од потенцијално опасни болести и можни повреди. Подот може да е извалкан со урина, повраќање или крв. Сето ова може да содржи штетни бактерии, вируси или габи кои би можеле да навлезат во кожата, предупредуваат членовите на екипажот.
Уште една од честите грешки е тоа што патниците се појавуваат на аеродром со неважечки документи.
На денот за влез во земјата мора да остануваат најмалку шест месеци до датумот на истекување, или три месеци доколку патувате во ЕУ, објаснуваат тие. Според нив, уште еден значаен документ е и патничкото осигурување. Со него патниците можат да ги покријат непредвидените трошоци.
Најчеста грешка е и патувањето без лекарства против болка.
„Патувањето без основни лекови против болка е грешка. Не сите авиокомпании можат да ви дадат парацетамол или други лекови без присуство на лекар. Многу е полесно ако ги имате лековите со себе. Некои патници мислат дека приборот за прва помош во авионот е исто што и аптека”, истакнал екипажот.
МИА
Ново на Сител
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
-

Нема повеќе вадење лаптопи, таблети, мобилни и течности од рачниот багаж на скопскиот аеродром
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
-

Од денеска почнува исплатата на К-15: Mинималниот износ 19.116 денари
-

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
