Нафтата и природниот гас повторно со повисоки цени, Брент веќе е над 107 долари за барел

Цените на енергенсите на европските и американските пазари продолжуваат со раст и цената на нафтата од типот Брент ја премина границата од 107,50 долари за барел додека европскиот природен гас повторно се приближи на ниво од околу 82 евра за мегават-час.
Цената на американската WTI нафта (West Texas Intermediate) моментно е 103,24 долари за барел за идни договори.
Европските берзански индекси се во мал пад рускиот MOEX е со пад од 0,61 отсто, францускиот ЦАЦ остана на 0,40 отсто, а германскиот DAX 0,5 отсто.
Според податоци на порталот Investing.com, цената на ТТФ за фјучерси е 80 евра за мегават-час.
Американските индекси се во мал пад – Дау Џонс падна за 0,28 отсто, а S&P за 0,48 отсто.
Вредноста на еврото спрема доларот на валутните пазари е 1,15 долари. Цената на златото е 4.329,95 долара за унца, со мал дневен пад од 0,50 отсто. Цената на пченицата на светските берзи е 720,50 центи за бушел со дневен пад од 1,50 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Кралот Чарлс ги собира лидерите на ВИ компаниите поради растечката загриженост за безбедноста
-

Поради отсуство на сведоци, одложено судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“
-

Маж утрово се фрлил во Вардар, пренесен во болница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството на СДСМ и ДУИ ги штити криминалците
-

Дизелот во САД достигна нова рекордна цена
-

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија
-

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница
-

Direct Media Одбележува 25 години работење
