Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот

„Нема да размислувам за пензија, важно ми е само ако можам да и помогнам на Шпанија да уште еднаш да го освои Дејвис куп“, изјави шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој наскоро ќе ја заврши кариерата.
Легендарниот тенисер, кој во својата брилијантна кариера освои 22 грен слем титули, од кои неверојатни 14 на Ролан Гарос, претходно најави дека крајот на Дејвис купот оваа година ќе биде крај на неговата кариера.
„Доколку сум на теренот во Малага, најважно ќе ми биде да ги контролирам емоциите. Не сум во репрезентацијата за да се пензионирам, тука сум ако треба да помогнам на патот кон новата титула. Ова ќе биде мојата последна недела, но јас сум во служба на тимот и сакам севкупна победа“, изјави 38-годишниот Надал, кој во текот на својата кариера четири пати го освојуваше ова натпреварување со Шпанија, во 2004, 2009, 2011 и 2019 година.
Сега првото име на шпанската репрезентација е Карлос Алкараз, а Надал би можел да му помогне на тимот за време на Дејвис купот во двојки.
„Се чувствувам добро, а емоциите околу заминувањето ќе испливаат на површина дури на крајот. Работам, тренирам и сакам да бидам целосно подготвен ако дојде моментот кога треба да помогнам. По Дејвис купот ќе се случи голема промена во мојот живот. Најдобро е тоа што ќе можам да се збогувам во мојата земја, пред моите навивачи и во кругот на мојата репрезентација“, рече Надал.
Малага ќе биде домаќин на финалето на Дејвис купот од 19. до 24. ноември, а Шпанија во четвртфиналето ќе игра со Холандија. Останатите четвртфинални двојки се Германија – Канада, Италија – Аргентина и САД – Австралија.
Ново на Сител
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
-

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор
-

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија
-

Сиљановска-Давкова: Парламентарниот дијалог има незаменлива улога за мирот
-

Сиљановска - Давкова: Поддржувам укинување на Пржинската влада, двојно државјанство не треба да има и за претседателот и министрите
-

Ученик во основно училиште во Арачиново прободен со нож од соученик
-

Полицајци апселе криминалец па биле опколени од десетмина кои пробале да ги спречат, морале да пукаат во воздух
-

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот
