-->
-->
Надал по Олимпијадата ќе донесе одлука дали ќе се пензионира
-->

Дваесет и двократниот Грен слем победник Рафаел Надал одговори на прашање за пензионирање.
- Ова ме прашуваат често во последно време. Секој ден се трудам да дадам максимум. Кога ќе заврши овој турнир, ќе ги донесам потребните одлуки врз основа на тоа како се чувствувам и што сакам. Денеска не знам, рече Надал на прес-конференција по поразот од Ѓоковиќ.
Шпанскиот тенисер истакна дека доколку почувствува дека повеќе не може да се натпреварува, ќе одлучи да стави крај на кариерата.
Во второто коло на Олимпијадата 2024, Надал вчера загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ со резултат 1:6, 4:6. Меѓусебниот биланс е 31:29 во корист на Ѓоковиќ.
Триесет и осумгодишниот Шпанец настапу и во двојки на Игрите, заедно со Карлос Алкараз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
