Loading Video...
Фудбал
24. December 2020 - 16:21
Над 4 милиони евра премија за фудбалерите за пласманот на ЕП
Над 4 милиони евра ќе поделат членовите на фудбалската репрезентација на Македонија, за историскиот пласман на завршницата на Европскиот шампионат, информираат од ФФМ
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука најголемиот успех - пласманот на македонската репрезентација на ЕУРО 2020 да го награди со исплата на најголемата премија во историјата на македонскиот спорт.
Репрезентативците и стручниот штаб веќе инкасираа близу еден милион евра за освоеното прво место во Д групата од Лига на нации и квалификациите за ЕУРО 2020.
УО на ФФМ денеска реши фудбалерите и стручниот штаб во репрезентацијата на да добијат 4 милиони и 200 илјади евра вкупна премија за пласманот на Европското првенство.
Управниот одбор ги усвоил критериумите за награда на фудбалерите и за распределба на наградата, кои биле изготвени од директорот на А-репрезентацијата во консултација со селекторот и капитенот.
- Кога ќе погледнеме што сè Фудбалската федерација на Македонија доживеа и оствари во 2020. година, навистина има на што да бидеме горди. Македонската репрезентација ја обедини целата држава и ни ја донесе најголемата фудбалска радост од осамостојувањето. Капитенот Пандев и сите репрезентативци апсолутно ја заслужуваат паричната награда. Во сите тие моменти на патот до пласманот на Европското првенство, кога фудбалерите играа и се бореа за нашата фудбалска историја , никогаш не се размислуваше за пари. Но, сега е моментот, Управниот одбор да го цени успехот и да се обидеме и на овој начин да дадеме признание и да влијаеме позитивно на понатамошната атмосферата во репрезентацијата. Знам дека времињата се тешки, но Фудбалската федерација ќе продолжи да работи и горди сме на сè што заработивме и сè што плативме. На капитенот Пандев и соиграчите им посакувам многу среќа во новиот квалификациски циклус и повторно да ја одведат Македонија на големо натпреварување, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Инаку ФФМ за пласманот на нашите сениори на Европскиот шампионат ќе инкасира минимум 9,25 милиони евра, сума која може и дополнително да биде зголемена во зависност од постигнатите резултати на шампионатот.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
