Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје

Поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје до овој момент преку Единствениот број за итни повици 112 се евидентирани повеќе од 1.000 повици од граѓани, информира во објава на директортот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али.
Во Скопје е пријавена падната кровна конструкција од зграда на ул. „Женевска“ бр. 10, при што се оштетени повеќе патнички возила. Регистрирани се и паднато дрво врз моторно возило на ул. „Методија Митевски“, паднато дрво на ул. „Никола Тримпаре“, како и падната кровна конструкција на ул. „Трифун Бузев“. Исто така, пријавено е дека дел од кровната конструкција на ООУ „Владо Тасевски“ е откорната од силниот ветер. На ул. „Хелсинки“ бр. 5 се регистрирани две паднати дрвја, додека на ул. „Скупи“ бр. 89 паднати дрвја оштетиле електрични кабли, патничко возило и дел од куќа.
Во Куманово е пријавена падната кровна конструкција на булевар „Октомвриска револуција“.
- За сите пријавени настани се известени и постапуваат надлежните служби, кои се на терен и работат на расчистување и отстранување на последиците од невремето - информира директорот на ЦУК.
Како што информира претходно градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција.
Тој во Фејсбук објава нагласи дека се во постојана координација со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции.
-Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици. Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба - истакна Ѓорѓиевски.
Сите граѓани на кои им е потребна помош или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број: +389 78 207 687.
- Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и смирени, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен. Службите се мобилизирани. Екипите се на терен. Граѓаните не се сами - наведе скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Археолошко богатство старо 2.300 години кај Младо Нагоричане сведочи за развиеното македонско кралство
-

Најчесто користени пин-кодови кои се цел на хакерите
-

УХМР предупредува: Попладне невреме со пороен дожд, грмежи и град
-

Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму
-

Британските премиери се менуваат, само мачорот Лери останува
-

Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
-

Во Гостивар во изминатото деноноќие прегледани вкупно 198 пациенти, нема промени во клиничката слика
-

МВР демантира етничка провокација во случајот со сообраќајката на патот Скопје-Блаце
