На таткото на Вања ќе му се суди повторно, потврдени доживотните казни за Палевски и тројцата соучесници
Апелациониот суд Скопје ги потврди доживотните казни затвор за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боро Видевски и Влатко Кешишев во предметот познат во јавноста како „Убиството на Вања и Панче“. Исто така, судот го укина ослободителниот дел од пресудата за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој ќе биде вратен на повторно судење.
Како што соопшти Апелациониот суд, по одржаната јавна седница и разгледувањето на жалбите, ги одбил како неосновани жалбите на обвинетите Велибор Манев, Боро Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски, а истовремено, ја уважил жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и ја потврдил првостепената пресуда во осудителниот дел, со која четворицата обвинети беа прогласени за виновни за грабнување и за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски и осудени на доживотен затвор.
Воедно, судот го укинал ослободителниот дел од пресудата што се однесува на Александар Ѓорчевски, кој беше ослободен од обвинението за помагање при грабнување на неговата ќерка.
Предметот во овој дел е вратен на Основниот кривичен суд Скопје на повторно судење и одлучување.
Од Судот информираат дека поради обемот на доказниот материјал и сложеноста на предметот, во тек е писмената изработка на одлуката, која по изготвувањето ќе биде објавена на веб-страницата на Апелациониот суд Скопје.
Ново на Сител
-

Јаневска до учениците: Учете вредно за да знаете, бидете пријатели со другите деца
-

Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар
-

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
