На Македонци додека ручале во Грција им провалиле во автомобилот – останале без пасоши, пари и документи
Македонски туристи и нивни пријатели од Шпанија и Португалија останале без пасоши, пари и други документи откако нивниот автомобил бил провален додека ручале во ресторан кај Сахара Бич, во близина на Неа Каликратија, Грција.
Според изјавите, по враќањето од Сивири застанале на паркингот кај Сахара Бич за да ручаат. Кога по извесно време се вратиле до возилото, забележале дека било провалено.
Од автомобилот биле украдени пет пасоши – македонски, и пасоши на нивни пријатели од Шпанија и Португалија, како и пари и други важни документи.

Случајот веднаш бил пријавен во грчката полиција, која извршила увид и составила записник. Според туристите, на безбедносните камери е забележана жена за која постои сомневање дека е поврзана со кражбата.
Тие преку својата објава апелираат до сите што летуваат во Грција да не оставаат пасоши, пари и други вредни предмети во автомобилите, дури и кога се паркирани на туристички локации кои изгледаат безбедни.
Ново на Сител
-

Зеленски: Ги сменив Федоров и Сирски за доброто на нацијата
-

„Бе-ем-ве“ повлекува повеќе од 744.000 возила низ светот поради ризик од пожар
-

Филмот „Одисеја“ со рекордни 87 милиони долари заработка за време на вториот викенд
-

Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават штети од невремето
-

Пирло: Секогаш сум дејствувал во целосна согласност со условите на договорите што ги потпишав
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
