На Карневалот во Венеција викендов се одржа водената поворка на чамци по Големиот канал

Во својата прва седмица, Карневалот во Венеција беше одбележан со традиционалната водена поворка на чамци по Големиот канал. Настанот беше предводен од препознатливата гондола со Пантегана-стаорец од хартија, долга седум метри на чело, којшто стана своевиден симбол на популарниот италијански Карневал.
Сред „туш“ од конфети и балони, над сто чамци со весли, богато украсени и управувани од маскирани веслачи, се сретнаа во Пунта дела Догана околу 11 часот, па се упатија кон мостот Ријалто. Пловејќи по можеби најпознатата водена патека во светот, поворката им овозможи на присутните автентичен спектакл на бои и традиција, што кулминираше со празнична кореографија кај Ријалто, пред големата прослава во месноста Ербарија.
Сите три веслачки групи се истакнаа по својата оригиналност и креативност со нивните костими. Тие ги претставуваа „Пчелите“ на веслачката група Ремијера Кастео, „Пингвините“ на Мурано и „Гранчи блу“ од Вого Венето Местре.
Ново на Сител
-

MЗ: Спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациентка со трансплантиран бубрег
-

Славески на средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли: Потврдена силна поддршка за независноста на централните банки
-

Заврши состанокот на Трамп со советниците за новата блокада на Ормуската теснина
-

Најстудено изутринава во Берово минус еден степен, највисока температура во Скопје и Велес - осум степени
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
