На Карневалот во Венеција викендов се одржа водената поворка на чамци по Големиот канал

Во својата прва седмица, Карневалот во Венеција беше одбележан со традиционалната водена поворка на чамци по Големиот канал. Настанот беше предводен од препознатливата гондола со Пантегана-стаорец од хартија, долга седум метри на чело, којшто стана своевиден симбол на популарниот италијански Карневал.
Сред „туш“ од конфети и балони, над сто чамци со весли, богато украсени и управувани од маскирани веслачи, се сретнаа во Пунта дела Догана околу 11 часот, па се упатија кон мостот Ријалто. Пловејќи по можеби најпознатата водена патека во светот, поворката им овозможи на присутните автентичен спектакл на бои и традиција, што кулминираше со празнична кореографија кај Ријалто, пред големата прослава во месноста Ербарија.
Сите три веслачки групи се истакнаа по својата оригиналност и креативност со нивните костими. Тие ги претставуваа „Пчелите“ на веслачката група Ремијера Кастео, „Пингвините“ на Мурано и „Гранчи блу“ од Вого Венето Местре.
Ново на Сител
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
-

Законот за заштита од употреба на тутун и сродни производи помина на Влада – Наскоро стапува на сила
-

ЦЈЗ Скопје не најде доказ за труење со храна на ученици од кујната во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”
-

Општествено одговорни компании во Штип организираа крводарителска акција
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
