-->
-->
„МЖ Транспорт“: Вчерашниот привремен прекин во сообраќањето на градскиот воз во Скопје беше поради невремето
-->

„МЖ Транспорт“ АД Скопје информира дека сообраќањето на градскиот воз во Скопје вчера привремено било прекинато од безбедности причини откога Скопскиот Регион беше зафатен со силно невреме, како и дека возот продолжил да функционира веднаш. Денешниот сообраќај, посочуваат, се одвива редовно во рамките на тековниот возен ред.
-Ве информираме дека на 2.9.2026 година, поради силното невреме што ги зафати Скопје и Скопскиот Регион, привремено беше прекинат железничкиот сообраќај поради безбедносни причини. Ве информираме дека железничкиот сообраќај веднаш беше ставен во функција, конкретно градскиот воз продолжи да сообраќа во рамките на предвидениот возен ред - се вели во соопштението од „МЖ Транспорт“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
-

Сончево и топло, температура до 37 Целзиусови степени
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
