МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен

Забележано е почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во болницата и Здравствениот дом во Гостивар, активно се следи состојбата на терен, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
- Министерството за здравство континуирано ја следи епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар и согласно последните податоци од јавните здравствени установи информираме дека од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош. Кумулативно, во Општа болница - Гостивар досега се евидентирани 1.554 пациенти, а во Здравствен дом - Гостивар, 1.392 пациенти. Четирите лица, кои беа хоспитализирани веќе се пуштени на домашно лекување. Досега се доставени 140 формални пријави, кои се обработуваат од епидемиолошките тимови на ЦЈЗ - Тетово и Институтот за јавно здравје, и се спроведени 81 епидемиолошка анкета - пишува во соопштението.
Во однос на дневниот тренд на новопрегледани пациенти, од Министерството за здравство информираат дека податоците покажуваат дека во текот на вчерашниот ден се евидентирани вкупно 564 новопрегледани пациенти во болницата и здравствениот дом, што покажува намалување во споредба со претходниот ден кога биле евидентирани 649 новопрегледани пациенти и кога бил достигнат најголемиот број на новопрегледани пациенти во тек на еден ден.
- Потсетуваме дека клиничката слика кај најголемиот број пациенти е лесна и се спроведуваат сите потребни епидемиолошки, лабораториски и превентивни активности - се додава во соопштението.
Министерството за здравство апелира граѓаните да ги следат официјалните препораки, да одржуваат редовна хигиена на рацете, а лицата со повраќање, дијареја, покачена температура или знаци на дехидратација, навремено да побараат медицинска помош.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
