Македонија
4. September 2026 - 11:25

МВР: Лицето кое го влечат на снимката од Битола не е 39-годишникот пронајден мртов пред болницата

МВР демантира дека лицето кое се гледа на видеоснимка од Битола, како е влечено од друго лице, е 39-годишниот маж кој беше пронајден починат во дворот на Клиничката болница Битола.

Од полицијата за „Вечер прес“ информирале дека е утврден идентитетот на лицата од снимката, а повеќе лица се повикани на службен разговор. Настанот се поврзува со тепачка пријавена на 31 август во близина на хотел на „Широк Сокак“.

Истиот ден, околу 12:15 часот, во дворот на битолската болница бил пронајден починат Ј.И. (39) од Струмица. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а истрагата ја води ОЈО Битола.

На социјалните мрежи претходно се тврдеше дека лицето од снимката е починатиот маж, но МВР го демантира таквото поврзување.