МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид

Во функција се камерите на „Безбеден град“ во дел од општина Дебрца, наскоро ќе стартуваат и во Охрид, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.
Во соопштението се појаснува дека по извршеното финално тестирање, ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца.
- Наскоро камерите на „Безбеден град“ ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршуваат нивната техничка проверка и тестирања. Системот „Безбеден град“ ќе овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и подигнување на нивото на безбедност на патиштата. Воедно, се очекува неговата примена да придонесе и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди - се додава во соопштението.
Се апелира до возачите доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедно да се придонесе за побезбедни патишта низ државата.
МИА
Ново на Сител
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
-

Арагчи: Иран не бара ескалација со Украина, но бара обештетување за нападот врз трговскиот брод
-

Топло време со температури до 38 степени
-

Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција
-

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Конго се зголеми на 3.262
-

Зеленски разговараше со Трамп за лиценци за „Патриот“ и поддршка за противвоздушната одбрана
