Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел

Многу луѓе не сакаат да фрлаат храна, па посегнуваат по она што изгледа сѐ уште погодно за јадење - на пр., белиот дел од мувлосаниот леб којшто „позеленел“ само донекаде... Сепак, лекарите недвосмислено советуваат: Фрлете го цел леб.
Додека некои видови мувла се јадат - како оние што се наоѓаат во синото сирење и антибиотиците, други - како онаа во лебот со латински назив „Rhizopus stolonifer“, се исклучително опасни по здравјето. Д-р Каран Раџ oд Лондон, Велика Британија, кој е доста популарен и на социјалните мрежи, упати строго предупредување дека „не постои чисто парче од мувлосан леб“ и кое било конзумирање може да биде смртоносно.
-Ако ги видите тие дамки (на мувлата, з.п.), тогаш дефинитивно не ги гледате скриените корени. Ова значи дека едноставното фрлање на едно мувлосано парче нема да го направи остатокот од лебот безбеден за јадење, појасни д-р Раџ.
Имено, „видливата“ мувла е само дел од поголемиот проблем. Репродуктивните делови на мувлата ослободуваат илјадници спори што се шират насекаде.
-Речиси е невозможно да се каже дали мувлата е безопасна или не, само со гледање во неа, бидејќи некои од нив можат да произведат доста опасни микротоксини коишто може да бидат смртоносни, додаде докторот.
На крајот, тој истакна дека дури и потпекувањето на „полумувлосаниот“ леб нема да ги неутрализира овие опасните материи. Затоа, д-р Каран советува: Фрлете го целиот леб.
Ново на Сител
-

Кос за бугарски БНТ: Очекуваме Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот Устав за да се движи напред кон ЕУ
-

ДУИ: Пресудата за водачите на ОВК е првостепена, очекуваме неправдата да биде исправена
-

Во Штавица кај Прилеп започна Балканскиот спелеолошки камп, 150 спелеолози од 15 држави ќе истражуваат 6 пештери
-

Преглед на вестите од светот
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
