Муцунски во Истанбул: Силните политички односи со Турција мора да се преточат во уште посилна економска соработка

Турција е еден од нашите најважни економски и трговски партнери. Трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат, но и поттик за уште поамбициозни цели во иднина, објави на Фејсбук шефот на макеоднската дипломатија Тимчо Муцунски, кој денеска во Истанбул учествува на бизнис-форумот Северна Македонија - Турција.
Муцунски имал обраќање на бизнис форумот, посветен на унапредување на економските врски, трговската размена и инвестициската соработка меѓу двете земји.
- Пораката што ја упатив е јасна: економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика, туку нејзино јадро. Успешната дипломатија денес значи повеќе инвестиции, повеќе извоз, нови пазари и конкретни можности за компаниите и граѓаните. Владите ја создаваат рамката, институциите ги отвораат вратите, но компаниите се тие што создаваат вредност, работни места и резултати. Затоа е неопходно дополнително да ја зајакнеме директната соработка меѓу бизнис-заедниците и да поттикнеме нови партнерства во индустријата, ИКТ-секторот, логистиката, туризмот, агробизнисот, инфраструктурата и иновациите. Посилната економска соработка не е важна само за нашите две држави. Таа значи поголема поврзаност, поголема конкурентност и повеќе можности за развој на целиот регион, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
МИА
Ново на Сител
-

Највисокиот суд на ЕУ ќе даде мислење за жалбата за транспарентност за вакцините против Ковид-19
-

Американската војска: Завршени последните напади врз цели во Иран
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
-

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион
-

Пожарот во Штип изгаснат
-

Во Собранието ќе заседаваат седум комисии
-

Трамп изјави дека САД воделе „тајна мисија“ за да ја одржат отворена Ормуската Теснина
-

СЗО: Европа мора подобро да го заштити населението од екстремните горештини
