Муцунски на средба со Француската бизнис конфедерација: Секоја нова странска инвестиција е придонес кон економскиот раст и создавање услови за одржлив развој

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска остварил средба со претставници на Француската бизнис конфедерација, на која разговарале за можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, привлекување нови инвестиции и развој на партнерства во области со висок потенцијал за раст.
Муцунски како што објави на социјалните мрежи, на средбата се осврнал на приоритетите на Владата во делот на економскиот развој и инвестициите, при што ја нагласил подготвеноста на институциите да бидат силен и сигурен партнер на сите компании кои сакаат да инвестираат и да придонесат кон економскиот развој на државата.
-Посочив дека секоја нова странска инвестиција претставува значаен придонес кон економскиот раст, отворањето нови можности и создавањето услови за одржлив развој. Претставниците на Француската бизнис конфедерација го потврдија интересот на француските компании за натамошна соработка и нови инвестиции, а со тоа и за дополнително зајакнување на економските односи меѓу двете земји - нагласува Муцунски.
Ново на Сител
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
