-->
-->
Мортус пијан возач со 4,35 промили алкохол во крвта фатен во Делчево
-->
Дваесет и шестгодишен жител на селото Митрашинци, беровско, е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил под силно дејство на алкохол.
Според информациите од МВР, на 20 јули околу 15:05 часот, полициски службеници од ОВР Делчево при сообраќајна контрола на булеварот „Македонија“ запреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски таблички, управувано од А.Т. (26).
При извршеното алкотестирање било утврдено дека возачот имал дури 4,35 промили алкохол во крвта, поради што веднаш бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
-

СДСМ: Политичка одговорност за состојбата во Гостивар
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема легитмитет да обвинува
-

Три лица загинаа пред Блаце
-

Оризопроизводството на работ на опстанок
-

Врничкото насилство не запира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
