Монументална статуа на Меси тешка 70 тони

Во Кутрал Ко, град во Патагонија со население од 35.000 жители, е поставена монументална статуа, висока 26 метри и тешка 70 тони, посветена на капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси.
Автор на ова монументално дело е локалниот уметник Алдо Бероиса и го прикажува еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во дресот на аргентинската репрезентација, како клекнува со крената и стегната десна тупаница, а пред него се наоѓа реплика од трофејот на Светското првенство што го освои со Аргентина во 2022 година во Катар.
Меси со настапот во националниот дрес на натпреварот против Алжир на актуелното Светско првенство стана првиот играч што се појавил на шест мундијалски турнири и го зголеми својот рекорд на 27 одиграни натпревари.
Сето тоа го заокружи со брилијантен настап во кој постигна три гола и се израмни на вечната листа со 16 голови со поранешниот германски репрезентативец Мирослав Клозе.
Кутрал Ко е важен центар на нафтената и петрохемиската индустрија во северна Патагонија, а се надева дека монументалната статуа со ликот на Меси ќе привлече туристи.
МИА
Ново на Сител
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
