Мониторинг на Унеско за заштита на охридското природно и културно наследство
Експерти на Унеско на крајот на месецот доаѓаат да видат што се прави во Охрид.
Мониторинг мисијата треба да утврди колку е заштитено природното и културното наследство и колку од дадените препораки се исполнети.
Градоначалникот Пецаков вели дека иако се преземаат мерки изминатиов период и се надева на позитивен извештај сепак се води сериозна негативна кампања против градот од лица кои немаат никаква врска ни потекло од Охрид.
Градоначалникот Пецаков најави дека ова лето плажите ќе работат, ќе има урбана опрема како шанкови, маси и столици на најатрактивните локации до донесувањето на планот за управување со Охридското крајбрежје, кој треба да покаже, на кои места би можело да има уредени плажи.
По акцијата во која беа урнати платформите и затворени најатрактивните плажи туристите останаа без уредени капалишта каде ќе можат да одмараат.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
