-->
-->
Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-->

Во Секторот за внатрешни работи - Скопје ноќеска во 1:27 часот после полноќ било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар има повредено лице со остар предмет.
- Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н., 24-годишник од Скопје, со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна рана - појаснија од Министерството за внатрешни работи.
Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
