Loading Video...
Фудбал
3. November 2021 - 11:37

Многу проблеми за Македонија во последните два натпревари од квалификациите за СП

Благоја Милевски селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија го објави списокот на играчи на кои ќе смета за два натпревари од мундијалските квалификации. 
 
24-ца фудбалери се најдоа на списокот на селкторот Милевски за последните две средби во квалификациите за пласман на СП во Катар догодинја, односно дуелите со Ерменија на гости и во Скопје против Исланд. Но, на списокот ги нема искусните Аријан Адеми кој се повреди на минатиот собир, како и Бобан Николов.
 
„Од дуелот со Ерменија можеме да очекуваме многу, момците ќе дадат сè од себе. Одиме како секој натпревар до сега, да се надигруваме и победиме. Сакам тоа што го работиме да го покажеме на теренот. Македонија игра исто без разлика на противникот, оди на победа. Се надевам дека пред сè сите ќе бидат здрави и спремни да одговорат на предизвикот од тој дуел. За жал навикнати сме да се соочуваме со проблеми. Веќе претходно ни недостигаа Адеми и Барди. Под знак прашалник се Спировски и Костадинов, но ќе имаме јасна слика пред дуелите. Илиев направи операција и го чека заздравување, а останатите се речиси истите. Ние сме во фаза на градење нов тим. Од тој аспект, ги повикувам истите играчи за да го завршат циклусот до крај, а понатаму ќе работиме на создавање тим кој ќе биде заедно наредните 4-5 години “, изјави Милевски. 
 
Македонија сеуште е во трка за второто место на табелата во Ј групата во која Германија со победата во Скопје веќе го осигура настапот на Мундијалот, за кој бараж покрај нашата селекција ќе бркаат и Романците кои имаат бод повеќе од нас, како и Ерменците кои се зад нас со ист број бодови. 
 
На првиот меч против На првиот натпревар против Ерменија, закажан за 11 ноември во Баку, нема да може да настапи капитенот Стефан Ристовски поради жолти картони, кој ќе биде во комбинација за последниот против Исланд во Скопје што на првограмата е на 14 ноември.