Loading Video...
Фудбал
13. November 2020 - 16:20

Младите македонски и дефинитивно се простија од шансата за настап на ЕП

Младата македонска фудбалска селекција ги загуби и теоретските шанси за ново учество на Европското првенство. 
 
Нерешениот резултат 1-1 на вчерашното гостување кај Израел и само едниот освоен бод, значеше и крај на надежите за младата фудбалска селекција на Македонија за ново, второ, учество на Европскиот шампионат. 
 
Иако сеуште сме второ рангирани и со големи шанси да останеме на таа позиција и по последниот меч закажан за во вторник во Скопје, кога ќе гостува Црна Гора, сепак, нашата репрезентација заостанува дури четири бодови зад Белгија и Романија, кои се меѓу петте најдобро рангирани селекции од сите групи, а кои се на второто место во својата. 
 
Иако шансата е загубена, избраниците на селекторот Благоја Милевски најавуваат дека во дуелот против Црногорците ќе атакуваат на победа, со која уште еднаш ќе потврдат дека и во оваа млада фудбалска генерација има голем потенцијал.