Loading Video...
Фудбал
24. March 2021 - 17:44
Младите македонски фудбалери поразени од врсниците од Казахстан
Со пораз од Казахстан 2-1 младата македонска фудбалска селекција, играчи до 21 година, го започна својот настап на турнир во Анталија
Казахстанците имаа предност од 2:0 со головите постигнати во 56-тата и 70-минута.
Само пет минути подоцна Берат Калкан го намали резултатот на 1-2, но иако до крајот на мечот избраниците на Милевски се обидуваа да стигнат до израмнување сепак, не успеа да избегнат пораз.
Покрај денешниот меч со Казахстан, младите македонски фудбалери ќе одиграат и контролни средби со селекциите на Словачка на 27 март (сабота) и Бугарија на 29 март (понеделник)
Овој турнир на селекторот Милевски ќе му послужи за проверка на можностите на играчите и своевиден филтер преку кои треба да се гради тимот кој од септември месец ќе го започне новиот квалификациски циклус.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
