Loading Video...
Фудбал
11. November 2021 - 15:39
Младите макeдонски фудбалери одиграа 1-1 со Украина
Младата македонска фудбалалска репрезентација (играчи до 21 година) го одигра петтиот натпревар во евро-клилификациите. На дуелот одигран во Скопје на теренот „Петар Милошевски“ млади фудбалери одиграа без победник 1-1 против украинските врсници.
Украинците беа подобари во првиот дел, во 42.та минута преку Сирота заслужено поведоа со 1-0.
Во вториот дел нашите млади фудбалери влегоа помотивирано, па по една брза контра, преку Томче Гроздановски во 58-минута стигнаа до израмнување.
Во 78-та минута Хајдари птопушти голема можност да го постигне вториот гол за нашата селекција, но резултатот остана не променет 1-1.
Во судиското дополнеие имавме и среќа откако ударот на Бондаренко заврши во пречката.
Во вториот натпревар од нашата група фаворитот Франција ја пречекува селекцијата на Ерменија.
Токму Французите се следниот противник на нашите младинци во мечот закажан за 16 ноември на националната арена „Тодор Проевски“ со почеток од 18:30 часот.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
