Младиот тенисер Алексовски со победничкиот пехар во Солун

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски ја оправда улогата прв носител и како победник го заврши турнирот во Солун за играчи до 16 години од категорија 3. Тој во финалето го совлада Игор Периќ од Србија со 2:0 во сетови (6:4 и 7:5).
На патот до финалето Алексовски во првото коло беше слободен, а најнеизвесен меч во три сета одигра во второто коло кога со пресврт го совлада Константинос Антониу од Грција со 2:1 во сетови (4:6; 6:3 и 6:0). Во третото коло Ксавиер Сандерс од САД го победи со 2:0 во сетови (6:2 и 6:2), додека во четвртфиналето беше поуспешен од Џери Кустојоргос од Грција со 2:0 во сетови (6:0 и 6:2). За влез во финалето Алексовски беше поуспешен од Оливиер Крупа од Полска со 2:0 во сетови (6:1 6:2).
На турнирот во Солун покрај Алексовски од македонските тенисери настапија: Александар Грујиќ (играше и четвртфинале во двојки), Марин Стефановски и Алексеј Стојановски.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
-

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
-

Трамп упати остри закани до Техеран: Иран премногу одолговлекуваше во преговорите, сега ќе мора да плати
-

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, релизирани 92 отсто од вкупните средства
-

Муцунски: Ни треба систем на меѓусебна доверба и да знаеме дека ќе нема дополнителни барања од Софија поврзани со историјата, идентитетот и јазикот
-

Приведени припадници на белградската Интервентна полиција, осомничени се дека спречиле процесуирање по пукање во ресторан
