Loading Video...
Фудбал
9. November 2020 - 14:14
Младинците ги одработуваат мини подготовките за последните два дуели во евро-квалификациите
Младата македонска фудбалска селекција до 21 година се подготвува за последните два натпревари во квалификациите за Европското првенство.
Сеуште со надеж и теоретски шанси да се вбројат меѓу петте најдобро второ рангирани селекции кои ќе обезбедат пласман на Европското првенство, младите македонски фудбалери одработуваат мини подготовки пред дуелите со Израел и Црна Гора.
Последни кои ќе им се приклучат на останатите повикани од селекторот Благоја Милевски се интернационалците Агрон Руфати, Давид Тошевски и Димитар Митровски.
Во пресрет на првиот дуел со Израел на гостински терен закажан за во четврток (12 ноември од 18:30 часот), а потоа и последниот меч против Црна Гора што ќе се игра во Скопје (17 ноември – 13:30 часот), нашите млади фудбалер се на 2.место на табелата во групата 6 со освоени 14 бода, два повеќе од Израел (12) и дури осум помалку од лидерот Шпанија (22).
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
