Млади лидери од 15 држави на 24. Меѓународна младинска конференција во Крушево

Од денеска до 27 септември во Крушево ќе се одржи 24. Меѓународна младинска конференција, која ја организира Младински Сојуз – Крушево под мотото „Европа почнува овде – Младите, европските вредности и проширувањето како наша заедничка иднина“.
Настанот се реализира во рамки на проектот Western Balkans Youth Lab (WBYL), кој го спроведува Советот за регионална соработка (RCC), со финансиска поддршка од Европската Унија.
На конференцијата ќе учествуваат 120 млади лидери од 15 држави, а меѓу говорниците најавени се министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, Стефано Елеро од Делегацијата на ЕУ, Елена Грабул од Советот за регионална соработка, Виолета Јелиќ од ЕЕСК, пратеници од Албанија, Косово и Северна Македонија, како и експерти, новинари и претприемачи од регионот.
Официјалното отворање е закажано за вечер во 19:00 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
