-->
-->
Митскиот стадион „Ацтека“ се реновира за Мундијалот 2026
-->

Градските власти на мексиканската престолнина Мексико Сити објавија дека отворањето на реновираниот митски стадион „Ацтека“ ќе се одржи во март следната година.
Стадионот ќе биде преименуван во „Естадио Сиудад де Мексико“,.
На „Ацтека“ стадионот, кој беше домаќин на мундијалските финалиња во 1970 и 1986 година, ќе биде одигран првиот натпревар од Светското првенство во 2026 година на 11 јуни следната година.
Домаќини на СП, покрај Мексико, ќе бидат САД и Канада.
Стадионот ќе биде модернизиран со нови соблекувални, подобрени простори за ВИП гости и зголемен капацитет, но сè уште не е познато колкав капацитет ќе има.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
-

Димитриевски: Жртвата на загинатите припадници на безбедносните сили е симбол на храброст и посветеност
-

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден
-

Претреси во Гостивар, пронајдени дрога и оружје
-

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред
-

Николоски: Нема проблем со керозин, имаме резерви за 90 дена, отворени се пет нови дестинации и покрај кризата
