Мислеле дека ја опседнале зли духови, па родителите и го уништиле животот

Јате Деви (25) од Индија последните неколку месеци не се чувствувала добро. Постојано била малаксана и нерасположена, па сопругот ја однел во болница. Меѓутоа, откако лекарите не можете да пронајдат причина за нејзината лоша сосотјба и рекле да оди дома и да одмара. Со оглед дека и наредните денови се чувствувала лошо во целата приказна се вклучиле нејзините родители и и го упропастиле животот.
Имено, тие биле убедени дека нејзината ќерка ја опседнале зли духови, па ја однеле кај врачар кој настрашно ја мачел со часови. Несреќната жена ја жигосал по телото, а вжештен стап и ставал во устата, поради што Јате врескала од болки и изгубила свест.
Откако се разбудила не можела да се помера, ниту да зборува, поради што нејзините родители испаничени повторно ја однеле во болница, каде лекарите останале шокирани од она што го виделе.
Набргу е констатирано дека Јате боледува од акутна психоза, сосотјба која може да се излекува за неколку месеци. Сепак, пред лекарите да започнат со психотерапија, првин мора да ги санираат стравичните повреди кои Јате ги здобил за време на егзорцизмот.
– За среќа нејзините рани ќе заздрават и полека ќе започнеме да воведуваме терапија која ќе помогне нејзиниот мозок да се врати во нормала, рекол психијатар од болницата.
Полицијата во Индија набргу го привела врачарот, а одреден му е и притвор.
Ново на Сител
-

Законските измени за укинување на техничката влада пред собраниската Комисија за политички систем
-

Песков: Средба на Путин со Зеленски можна само за финален договор
-

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина
-

Без струја делови од Карпош и Гази Баба
-

Променливо облачно со сончеви периоди, следува стабилно и потопло време
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
